Во текот на февруари, заокруживме едно значајно поглавје – проектот „Не за малолетнички бракови“. Овој проект не беше само иницијатива, туку простор за учење, поддршка и инспирација. Преку активностите во текот на месецот, заедно со младите, волонтерите и експертите, работевме на подигнување на свеста, создавање сигурна мрежа за поддршка и отворање важни дискусии за предизвиците со кои се соочуваат девојките во заедницата.
🔹 Завршен настан во хотел „Милениум“ – Битола
На 20 февруари 2025 година, го одбележавме завршниот настан, кој ги обедини волонтерите, учесниците, партнерските училишта (ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и СОУ „Таки Даскало“), претставниците од отсекот за превенција при СВР-Битола и други соработници. Оваа средба беше можност за сумирање на резултатите, споделување искуства и инспирирање на идни чекори за поддршка на младите.

🎥 Моќта на визуелната порака
Креиравме едукативно видео кое ја прикажа реалноста на многу девојки кои се соочуваат со малолетнички бракови. По анализата на видеото, отворивме дискусија со младите и заедницата за последиците од раните бракови и начините за спречување.
Видеото е достапно на нашата YouTube страна https://www.youtube.com/@sumnalassociationforromaco8906
⚖️ Информирање и правна поддршка
Благодарение на адвокатката Ирена Туфекчиева, младите и заедницата добија можност да научат повеќе за правото на заштита и механизмите за бесплатна правна помош. Оваа сесија беше клучна за подигнување на свеста за тоа каде и како можат да се обратат за помош.

🤝 Создадовме мрежа за поддршка
Во општество каде што ваквите теми честопати се табу, успеавме да создадеме безбеден простор за отворен разговор, споделување и охрабрување. Оваа мрежа ќе продолжи да функционира и по завршувањето на проектот, затоа што поддршката е неопходна – секогаш!
💡 Млади инспирации
Средбата со успешна млада врабо0тена Ромка од нашиот волонтерски тим внесе нова надеж и мотивација. Нејзината приказна беше доказ дека, и покрај сите предизвици, можно е да се создаде подобра иднина во која изборите се твои, а соништата реални.

🗣️ Менторски средби – пат кон промена
Групните менторски средби им дадоа можност на младите да зборуваат за своите предизвици, да добијат насоки и поддршка од ментори кои ги водат низ процесот на учење и личен развој.

👉 Ова не е крај, туку нов почеток!
Проектот заврши, но пораката останува жива. Ќе продолжиме да зборуваме, да делуваме и да охрабруваме – затоа што секоја млада девојка заслужува иднина во која сама го избира својот пат.
🙏 Огромна благодарност до сите кои беа дел од оваа иницијатива – волонтерите, менторите, експертите, претставниците на училиштата и сите млади кои покажаа храброст да бидат дел од оваа промена!
📢 Споделете ја оваа порака – затоа што секој глас носи промена! 💜
#НеЗаМалолетничкиБракови #ПоддршкаЗаМладите #Образование #Равноправност #МоќНаГласот

