Ние ги водиме промените – работилница за антициганизам

Во рамки на проектот We Lead The Changes на 13-ти ноември во Битола се одржа еднодневна работилница на тема „Борба против антициганизам“ наменет за жени и девојки од ромската етничка заедница во Битола. На почетокот обучувачот м-р Фатма Бајрам Аземовска ги запозна учесничките со обележја на ромскиот идентитет, историја на Ромите, разбивање на стереотипите кон ромската заедница, формите на дискриминација и антициганизам. Проектот е имплементиран од страна на организациите Здружение на жени Ромки – Лачо Диве и Здружение за развој на ромската заедница – Сумнал. Со финансиска поддршка од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација „PPOMA“, во рамки на проектот „Romani women POWER OF CHANGE“ in the Western Balkans and Turkey“