Недиме Тахировска и Андријана Љуман како претставници на Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал” учествуваа во работилница за социјална инклузија за размена на позитивни практики во Струга која беше во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија и здружението “Хуманост”.

Целта на работилницата беше да се претстават резултатите остварени од имплементацијата на малите проекти, финансирани во рамки на регионалниот проект.
Работилницата е дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ кој е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.


