
Во рамки на проектот „Proceed Goes Practise (Процесот оди во пракса)“ се одржа партнерски состанок во Бузау, Романија со претставници на партнерските организации од Романија, Германија, Унгарија, Бугарија, Грција, Словачка и нашата држава.

На состанокот се разговараше за идентификување на компаниите кои ќе бидат вклучени во проектот, за обуките кои ќе следат и учесниците кои треба да бидат вклучени. Се разговараше и за наставните програми кои треба да бидат подготвени, одговорните институции за нивна акредитација и самиот процес. Партерот од Словачка ја презентираше онлајн алатката за самооценување, а потоа партнерите заедно дискутираа за нејзината примена. Исто така, се разговараше и за следните чекори и временскиот план на проектот.

Проектот „Proceed Goes Practise (Процесот оди во пракса)“ е финансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата во областа на стручно образование и обука, а координатор е германската организација Југендстил.

