Учење низ игра

Преставници од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, Викторија Михајловска и Ферзије Асаноска, беа дел од еднодвневната обука што ja организираше битолската библиотека на тема „Учење низ игра“. Обуката ја водеше почитуваниот гостин од Србија, д-р Ранко Рајовиќ, кој е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки и претседател на комитетот на „Менса“ за надарени деца ва светот. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Семинарот е наменет за родители, учители, едукатори, лекари и сите што се вклучени во детскиот раст и развој. На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието. Примарната улога на програмата NTC е да користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тој е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој, од раѓање до приближно десет години. Играта како внатрешна мотивација на детето е клучен фактор во програмата NTC.