Потпишан меморандум за соработка со ЈП „Комуналец“ – Битола

Активностите во рамките на проектот „Процесот оди во пракса“ продолжија. Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ потпиша меморандум за соработка со Ј.П ” Комуналец” и со фирмата “Кнауфистика” кои се однесуваат на креираните програми за обуки за стручно образование за Роми и други групи со помали можности. Овие обуки ќе продуцираат потребен кадар во општина Битола и пошироко. Дополнително, претприемачите од јавните и приватните претпријатија ќе имаат едуциран кадар од дефицитарни струки кој им е потребен.

Се заблагодаруваме на директорите Горан Степановски од Ј.П. „Комуналец“- Битола и Иван Наумовски од фирмата ДООЕЛ „Кнауфистика“ за нивната поддршка и потпишувањето на меморандумот, што ќе придонесе за подобрување во заедницата.
Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а го координира германската организација Југендстил.