
Претставници од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ – Битола, Викторија Михајловска и Леман Раманоска, учествуваа на меѓународната обука „Empowering and Engaging Roma Minority“, која се одржа во периодот 27–30 октомври 2025 година во Софија, Бугарија.
Настанот беше организиран од Human Resource Development Centre (HRDC) – Националната агенција за програмите на Европската Унија во Бугарија, и обедини учесници од различни европски организации кои работат со и за ромските заедници.

Преку интерактивни сесии и практични дискусии, учесниците се осврнаа на:
- улогата на ромските модели во зајакнувањето на заедницата,
- градењето доверба и развивањето ефективни партнерства,
- интегрирани пристапи во локалниот развој,
- теренска посета на MIR Center “Suhodolska” во населбата Факултета – Софија, каде беа презентирани успешни практики за инклузивна работа со семејства и млади.

Особено значајно за „Сумнал“ е учеството на младите, како што е Леман Раманоска, која со својата активност, ентузијазам и посветеност постигнува видливи резултати и мотивира други млади да бидат активни и да веруваат во своите потенцијали. Таа претставува пример за млад лидер во заедницата.
Изразуваме искрена благодарност до Средното училиште „Таки Даскало“ – Битола за поддршката и можноста Леман да учествува како ученичка од четврта година, како и до директорот Ристо Грујовски и класниот раководител Живка Танушева Ицаноска, чие разбирање и охрабрување придонесуваат за афирмација на младите Роми во образованието и општеството.
Дополнителна благодарност упатуваме и до Националната агенција за европски програми и мобилност за селекцијата и поддршката на националните учесници.
Учеството на „Сумнал“ на вакви меѓународни настани претставува уште еден чекор кон посилна, пообразована и поактивна ромска заедница.

