Инклузија и различност е еден од најважните хоризонтални приоритети на Еразмус+, оттаму е и нашата силна мотивираност за поддршка, унапредување и ослободување на поголем простор за презентирање на заложби и проекти за различни теми во врска со инклузија кои директно таргетираат лица со попреченост, лица со помалку можности.

На состанок во Europe House Skopje покрај директорот и тимот на НАЕОПМ кој работи во оваа област, присуствуваа голем број на училишта и здруженија.

Целта на состанокот беше отворена дискусија и собирање на идеи за идна соработка и конкретни чекори помеѓу организациите/ училиштата за работната програма 2024 година.

Оваа добра иницијатива ќе продолжи, НАЕОПМ и понатаму ќе биде поддршка, ќе поттикнува и промовира идеи во делот инклузија и различност, и да ја подржува работата на организациите и училиштата.
Претставник на „Сумнал“ беше Ферзије Асаноска.

