Во рамки на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ се одржа работилница на тема „Пишување на кратка биографија (CV) и мотивационо писмо со помош на познати дигитални алатки кои се лесни за користење и интересни за младите.
Работилницата се состоеше од два дела, со тоа што во првиот дел членовите на тимот кој го спроведуваат проектот ги споделија теореските информации со корисниците, а потоа следуваше практичен дел во кој учесниците сами креираа CV и мотивационо писмо со помош на онлине апликациите www.canva.com и www.enhancv.com.
Ова е една од повеќето работилници кои ќе се одржат во рамки на проектот со цел младите со помалку можности да стекнат соодветни дигитални знаења и вештини со што ќе имаме придонес во намалувањето на дигиталната сиромаштија.

Проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.


