

“Сумнал“ периодов ги спроведува активностите во врска со проектот „RomAБЦ оди Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија преку програмата Еразмус +. Проектот започна во септември 2019 година и ќе трае до крајот на 2021 година. Партнери на проектот се организации и училишта од Србија, Северна Македонија, Унгарија и Германија.
Целите на проектот се:
– намалување на бројот на функционални неписмени кај возрасните Роми;
– подобрување на нивната вработливост и
– зголемување на нивното учество во мерките за образование на возрасни.
На овој начин и на долг рок, проектот придонесува за зголемување на стапката на вработеност и намалување на бројот на Роми кои се сиромашни и социјално исклучени
За да се постигнат овие цели, партнерите работат на развој на следново:
– изработка на наставна програма за подигање на степенот на писменост кај возрасните Роми;
– измена на стандардите за квалитет за соодветни курсеви за описменување:
– изработка на прирачник за водачи на курсеви за описменување и
– дизајн и имплементација на концепти за координација на мерките за описменување.
По соодветната обука, на експертите за образование на возрасни ќе им биде овозможено веќе да ги користат за прв пат овие ресурси во тест фазата на проектот што ќе се спроведува во следните месеци.
Исто така, брошура и флаер на македонски и ромски јазик со информации за проектот, беа подготвени и поделени меѓу Ромите во Битола.
Координатор на проектот е училиште за основно образование и образование на возрасни „Бранко Пешиќ“ од Србија.






