„Сумнал“ започна да го имплементира проектот „Континуирано онлајн учење – НИЕ УЧИМЕ“ во втората половина на август, 2020.
По таргетирањето на примателите и адаптацијата на наставната програма, следниот чекор беше да се достават таблетите. Бидејќи имаше задоцнување при набавката од страна на донаторот, побаравме продолжување на траењето на активностите без финансиски трошоци, кои требаше да завршат во средината на ноември, но со продолжувањето крајот беше одреден на 10 декември. На овој начин можевме да ги завршиме сите активности.
Кога ги примивме таблетите, сите потребни програми (Zoom, Microsoft teams) заедно со логоата на Сумнал и нашиот донатор беа инсталирани. Исто така беа креирани маилови за сите корисници и интернет картичките беа активирани.
Следна беше доставата. За време на доставата, нашите вработени им објаснуваа на корисниците како треба да ги користат таблетите. Кога овој процес беше завршен, имавме тест-период за употребата и онлајн учењето со цел да се откријат проблеми во процесот.
Финалната фаза се состоеше од имплементација на онлајн учењето.
Со овој проект овозможивме да го продолжиме учењето онлајн на 100 ромски деца во Скопје и Битола. Нашите корисници беа многу среќни што ги добија таблетите и така да им обезбедат образование на нивните деца за време на падемијата со Ковид-19.
Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисијата во Скопје.





