Стратешкото партнерство „РомАБЦ оди напред – Понатамошен развој на иновативни инструменти за борба против функционалната неписменост кај Ромите и други ранливи групи во Европа“ дојде до својот крај.
По успешно спроведената тест фаза на обуката за описменување во периодот од март до јуни 2022 година, тимот на „Сумнал“ премина кон имплементирање на последните активности во врска со проектот.

Во периодот од 25-29 јули се одржа тест фазата на мешаниот курс за учење кој е третиот интелектуален резултат од проектот. Курсот се состои од активности за физичко присуство како и онлајн активности. Предвидува времетраење од 6 недели со вклучена евалуација на стекнатите знаења на учесниците. Мешаниот курс е наменет за учесници од 3 ниво. Тест фазата беше спроведена со 5 учесници кои истакнаа дека вежбите и активностите се добро ипланирани и на долг рок даваат резултати.
На 31.07.2022 спроведовме и кратка онлајн анкета за да дознаеме кои други целни групи освен споменатите би имале полза од курсевите, а најчестите одговори беа возрасните и младите од руралните средини, жените Ромки и младите кои го напуштиле образовниот процес.

Како четврт интелектуален резултат создадовме и вебинар за обука на дополнителни обучувачи за спроведување на курсевите за описменување. Овој вебинар го спроведовме од 08-10 август 2022 година со пет учесници кои стекнаа знаења и вештини за проектот, особеностите на образованието на возрасни, придонесот на обучувачот на курсот, историјата и културата на Ромите како и начините за нивна мотивација, вербална и невербална комуникација, учење и видови на перцепција, бесплатни здравствени мерки и бенифиции, како и како да ги категоризираат учесниците и да го планираат и спроведат курсот според шаблоните за распоред и креиранита наставна програма заедно со прирачникот кој го содржи и каталогот на вежби и материјалот за обука. Учесниците истакнаа дека се задоволни што имаа можност да бидат дел од вебинарот и да станат потенцијални обучувачи за спроведување на ваквиот курс во иднина кој е од особена важност за Ромите и останатите маргинализирани групи.

Од 15-17 август 2022 година учествувавме на завршниот партнерски состанок, како и на Европската конференција „РомАБЦ оди напред“ каде обучувачката, Викторија Михајловска го сподели нашето позитивно искуство од имплементацијата на тест фазите заедно со учесникот Даут Бајрам.


Проектот го завршивме со одлични резултати, со тоа што се направи трансфер и измена на веќе креираната наставна програма во претходното стратешко партнерство „РомАБЦ – следната димензија“, се креира прирачник заедно со каталог на вежби и материјал за обуката, како и мешан курс за учење за учесниците со повисоки знаења и вештини, се спроведе пилот обука за обучувачи, вебинар, практичен тест на обуките, се креираа мрежи за соработка и понатамошно искористување на резултатите, се спроведе студија за дополнителни целни групи и активности за дисеминација и валидација на проектните активности и резултати.

Проектот траеше од 01 септември 2020 година до 31.08.2022 година, а го финансираше Европската комисија преку Еразмус + програмата. Координатор на проектот беше германската организација „Контакти за Европа“, а активностите ги имплементираа организации од Северна Македонија, Грција, Србија, Унгарија, Германија, Словачка и Романија.

Повеќе слики на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100063565601430&set=a.559926556136193

