„СТОП ЗА АНТИЦИГАНИЗМОТ“ – ТРЕНИНГ ВО ИТАЛИЈА

„Сумнал“ беше дел од тренинг курсот „Стоп за антициганизмот/Stop Antigypsyism“ што се одржа од 25 јуни до 02 јули 2022 година во Рим, Италија.

Како партнер „Сумнал“ имаше четворица учесници кои активно учествуваа во сите активности на тренингот.

„Стоп за антициганизмот“ е проект созаден со цел да се промовира „антициганизмот“ кај младите, да се објасни неговото значење, последици и начини на спречување.

Конкретно, проектот ги има следните цели:

  • Воведување, превенција и борба против „антициганизмот“;
  • Препознавање на социјалните медиуми како начин за борба против него и со тоа зголемување на дигиталните вештини на учесниците;
  • Промоција на инклузија на Ромите и другите малцинства, мигрантите, како и бегалците;
  • Активно учество на младите со помалку можности и промоција на еднаквост, различност;
  • Зголемување на интеркултурната свест и јазичните компетенции со акцент на англискиот јазик;
  • Зајакнување на младинските работници со вештини за едукација на младите за процесот на превенција и борба против дискриминација, стереотипи и говор на омраза;
  • Поголема мотивација за учество во идно образование или обука;
  • Унапредување на соработката меѓу организациите и локалните актери за размена на добри практики и знаења во насока на креирање акции за борба против „антициганизмот“.

Линк до галерија: https://www.facebook.com/media/set?vanity=100063565601430&set=a.501727695289413