
На 16 септември 2025 година, во ООУ „Живко Брајковски“ во Бутел, се одржа свечен настан по повод успешното завршување на проектот „Градиме нови мостови“. Настанот собра над 200 ученици, наставници, родители и претставници на граѓанскиот сектор, и претставуваше значаен момент за промоција на соработката, различностите и меѓусебното разбирање.
Свеченоста беше збогатена со присуството на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, како и амбасадорите на Кралството Норвешка и Соединетите Американски Држави, кои ја истакнаа важноста на ваквите проекти за образованието и општествената кохезија.

Здружението Сумнал, претставено од координаторката на проектот Викторија Михајловска, со гордост го прими признанието за успешна имплементација на проектот
„Градиме нови мостови преку уметност и култура“.
Проектот се реализираше во периодот септември 2023 – мај 2024 година во Битола, во партнерство со основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и „Даме Груев“, како дел од поширокиот проект на ОБСЕ – „Градиме нови мостови“.

Во рамки на проектот, учениците преку цртање и други форми на уметничко изразување учеа да ги почитуваат различностите, да соработуваат и да создаваат заеднички визии за иднината, градејќи вредности на толеранција, доверба и пријателство.
Искрена благодарност упатуваме до ОБСЕ – Мисијата во Скопје, партнерските училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и „Даме Груев“, наставниците, учениците и сите поединци и организации кои придонесоа за успешната реализација на проектот.
Заедно продолжуваме да градиме нови мостови на доверба, разбирање и пријателство.

