Учество на Сумнал на тркалезна маса „Иновативни средини за учење“

Здружението Сумнал учествуваше со свој претставник на тркалезната маса „Иновативни средини за учење“, организирана од Центар за образование на возрасните, во рамки на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, поддржан од Европската Унија.

Настанот се одржа на 17 септември 2025 година во просториите на Стопанска комора на РСМ и обедини претставници од образовни институции, граѓански организации, релевантни чинители и експерти од земјава и од Европската Унија.

Преку интерактивни дискусии и работа во групи, учесниците разменија искуства и идеи поврзани со развојот на иновативни, квалитетни и инклузивни средини за учење на возрасните, како и конкретни препораки за идни активности и политики во согласност со Стратегијата за образование на возрасни 2025–2030.

Учество на вакви настани претставува значаен придонес за унапредување на дијалогот и соработката меѓу релевантните актери, со цел подобрување на образовните можности и пристапот до доживотно учење за сите граѓани.

Сумнал упатува благодарност до организаторите, партнерите и сите учесници за можноста за размена на знаења и идеи и за нивниот континуиран ангажман во развојот на образованието на возрасните.