Солидарен проект „Заедно посилни“ – Теренски активности

Во текот на месец јануари во рамките на солидарниот проект „Заедно посилни“, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус + програмата, беше спроведена теренска посета на корисниците во заедницата.

Волонтерите им мереа крвен притисок на корисниците и разговараа со нив околу терапиите што ги примаат, како и за тоа колку е битна грижата за здравјето.

Благодарност до семејствата што шират позитивна енергија и комуникација.