Солидарен проект – работилници со експерти

Како дел од активностите со нашите корисници беа и едукативните работилници. За таа цел се одржаа вкупно 5 едукативни работилници во рамките на проектот. После првата работилница во номеври посветена на здравјето и крвниот притисок, секој нареден месец до завршувањето на проектот се организираше по една работилница со експерти од различни области со цел корисниците да добијат корисни информации за нив. „Сумнал“ и Центарот за социјални работи – Битола минатата година потпишаа меморандум за соработка, па во таа насока се организираше работилница со Денис Арслановски како нивни претставник околу достапните социјални усуги и бенефиции за постарите лица објаснувајќи ги условите и постапките за аплицирање и нивно добивање.

Следеше работилница со Ирена Стојчевска, дипломиран правник, која на корисниците им даде информации околу одредени правни процедури, а воедно им понуди и бесплатна правна помош.

Психијатарот, Гордана Ристевска Димитровска, разговараше со нашите корисници за правилен активен живот во трето доба споделувајќи корисни совети и информации за нашите корисници со цел поактивно да се вклучат во социјалните текови.

На последната работилница, нашите корисници се дружеа со Магдалена Mаневска, раководител на служба за персонално банкарство, дигитални сервиси и самоуслужни продукти во Стопанска банка АД Битола. Таа ги запозна нашите корисници со банкарските проедукти и услуги поврзани со отварање на трансакциски сметки и нивно следење, начини на плаќање, вклучително и користењето на платежните картички, достапни кредитни услуги и процедури за добивање на кредит, депозити, а особено се осврна на е-банкарството со што корисниците можат да ја следат состојбата на својата сметка онлајн преку телефон или компјутер.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.