Театарска претстава

Нашите корисници имаа несекојдневна можност да посетат театарска претстава и да уживаат во актерската изведба на актерите вклучени во претставата „Малиџано“ од битолскиот театар. Оваа година е година на културата и уметноста. Сите заедно уживавме во прекрасната театарска претстава.

Им благодариме на Билјана Крајчевска и директорот на НУ Народен театар, Битола, Иван Јерчич, за дадената можност да уживаме во прекрасната претстава. Толку многу моќни пораки допреа до сите нас, што пуштивме и солзи.

Повеќето од возрасните корисници за прв пат влегоа во театар и прв пат гледаа претстава. Да, таа вечер направивме промени. Активноста ја спроведовме преку нашиот солидарен проект „Заедно посилни“, а корисниците имаа голема корист од дружењето и размената на позитивна енергија.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската унија.