
На 7 април 2026 година, во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, претставници на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ остварија средба со министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, Зоран Љутков.
На средбата беше презентиран успешниот тек и резултатите од проектот „Гласот на боите“, кој неодамна беше реализиран во Мадрид, Шпанија, претставувајќи ја македонската ромска култура на меѓународната сцена.

Централниот настан се одржа на 28 март 2026 година во Centro Cultural Nicolás Salmerón и претставуваше значаен културен момент што обедини уметност, традиција и меѓународна соработка. На сцената настапија истакнати македонски уметници:
- Ернес Ибраимовски – оперски пејач (баритон)
- Маестро Андреј Наунов – пијано
Концертот беше реализиран од Здружението „Сумнал“ во соработка со Asociación Cultural Hispano-Macedonia SONCE, во рамки на проектот „Гласот на боите: културна размена и афирмација на ромската уметност по повод Светскиот ден на Ромите“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија како проект од национален интерес за 2026 година.
Покрај претставниците на „Сумнал“, на средбата присуствуваше и оперскиот пејач Ернес Ибраимовски. Беа споделени и позитивните впечатоци и пофалби од Амбасадата на Република Северна Македонија во Мадрид, каде беше истакнато дека настанот е реализиран на високо професионално и уметничко ниво, со значителен интерес од публиката и силна афирмација на македонската и ромската култура.

Му благодариме на министерот за топлиот прием и континуираната поддршка.
Продолжуваме посветено да работиме на промоција и развој на ромската култура и уметност.
