
Како дел од активностите во склоп на проектот „Уметност и креативност“, финансиран од Националната агенција за млади на Шпанија преку Еразмус + програмата, по тренингот за Линолеум и витраж во Битола, следеше тренингот за младински работници во Италија. Горјана Стојановска и Николче Српчански како учесници од нашата држава од 19-22 ноември 2022 беа во Манерба дел Гарда. Тму имаа прилика да се стекнат со нови знаења и вештини од областа на уметноста, овојпат за уличната уметност и графитите. Следуваат и локални работилници со изучените техники од тренинзите за линолеум, имитација на витраж и изработка на графит или мурал со млади од локалното ромско и неромско население во Битола.


Линк до галерија: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100063565601430&set=a.635112301950951

