УМЕТНОСТ И КРЕАТИВНОСТ

Од мај 2022 година, „Сумнал“ започна нов проект „Уметност и креативност“ во склоп на клучната акција – мали партнерства за млади од Еразмус + програмата.

Целите на проектот се:

  • учесниците да бидат покреативни и да научат нови уметнички техники што ќе им помогнат да ја развиваат нивната имагинација;
  • учесниците да бидат повеќе активни, да ја подобрат својата самодоверба и да бидат поспособни за решавање на проблеми;
  • младинските работници да бидат способни да развијат нови и корисни алатки за да ги мотивираат младите со кои работат, како и останатите од заедницата;
  • младите учесници и младинските работници да можат да доживеат интернационално искуство.

Со проектот се предвидени три транснационални состаноци:

  1. Воведен состанок во Шпанија
  2. Состанок за среднорочна евалуација (онлајн) и
  3. Завршен состанок во Северна Македонија.

Во склоп на проектот ќе се одржат и 4 тренинзи за младински работници. Секој тренинг ќе ги оспособи учесниците да користат нови алатки преку различни уметнички техники и тоа:

  1. Музика и танци во Полска
  2. Графити и улична уметност во Италија
  3. Цртање на стакло и линолеум во Северна Македонија
  4. Мозаик во Шпанија.

По одржувањето на секој тренинг, младинските работници ќе организираат работилници со млади од своите локални заедници со цел да ги применат новостекнатите вештини и знаења. Исто така, ќе се создадат и видео туторијали со секоја уметничка техника.

На крајот, ќе се реализира младинска мобилност во Романија на која учесници ќе бидат млади од изведените локални активности и младинските работници кои беа дел од тренинзите.

Координатор на проектот е организацијата „Екокомпартимос“ од Шпанија, а партнери „Сумнал“ од Северна Македонија, „Уметност и социјална култура“ од Италија, „Гринтин“ од Романија и „Естека“ од Полска.

Воведниот состанок се одржа на 5 и 6 мај 2022 година во Мадрид, Шпанија. За време на состанокот се дискутираше за потпишување на партнерскиот договор, спроведување на активностите, конкретно определување на временските рамки, прокетната документација, како и дизајн на логото и постерот за проектот. „Сумнал“ учествуваше на состанокот онлајн со тоа што наша задача беше да го дизаjнираме логото и постерот за проектот.

Следна активност е тренингот за младински работници во Полска.