
Тројца претставници од „Сумнал“ беа дел од тренинг курсот „МotYouth“ кој имаше за цел да ги мотивира младите и да ги зајакне нивните вештини во областа на креирање CV на поефикасен и персонализиран начин, креирање на испирирачко мотивирачко писмо, како и подготовка за можни интервјуа за работа.

Главни цели на тренингот беа:
- да се оспособат учесниците да ги идентификуваат своите квалитети и да ја научат динамиката на идентификувањето за ефективно максимизирање на на нивниот потенцијал;
- да го развиваат своето CV и мотивационо писмо преку различни методи достапни да и помогнат на младата популација;
- да научат за вербална и невербална комуникација за да се овозможи ефективно интервју „лице в лице“ во иднина;
- учесниците да доживеат интернационално искуство и да го подобрат својот англиски преку запознавањето на нови луѓе од различни култури.

Тренингот се одржа од 14-18 март 2022 година во Толедо, Шпанија со учесници од Мароко, Тунис, Северна Македонија, Италија, Бугарија, Естонија и Шпанија.

По враќањето, учесниците ги споделија стекнатите вештини и знаења со локалната млада популација како дел од работилница посветена на кариерното советување во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.

Активностите се спроведоа како дел од клучната акција 1 за мобилност на младински работници од Еразмус + програмата финансирани од Националната агенција за млади од Шпанија.

