ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ТРЕНЕРИ во рамки на проектот „Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ТРЕНЕРИ

во рамки на проектот „Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“

Здружението Европска Гледна Точка, во партнерство со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, објавува јавен повик за ангажирање на тренери за реализација на активности во рамки на проектот „Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“.

Проектот е насочен кон подобрување на вработливоста и социо-економската интеграција на млади жени Ромки од Битола преку стекнување практични, меки и вработливи вештини и подобрување на нивниот пристап до пазарот на труд.

За потребите на реализација на проектните активности се објавува повик за следните позиции:

1. Тренер/ка за градинарство

Ангажираното лице ќе биде одговорно за подготовка и реализација на обуката и практичните активности од областа на градинарството за група од 20 учеснички.

Ангажманот опфаќа:

  • подготовка за реализација на обуката согласно програмата и целите на проектот;
  • реализација на 10 сесии по 3 часа, односно вкупно 30 часа обука од областа на градинарството;
  • реализација и поддршка на практичната работа во демонстративната градина, во чии рамки се предвидени 8 практични сесии;
  • подготовка и приспособување на материјали потребни за реализација на обуката и практичната работа;
  • примена на практичен и пристапен начин на работа приспособен на потребите на учесничките;
  • соработка со проектниот тим при организацијата и реализацијата на активностите;
  • обезбедување на потребните информации и придонес кон документацијата за реализираните активности.

Потребни квалификации и искуство:

Кандидатот/ката треба да има соодветни знаења и практично искуство од областа на градинарството, хортикултурата, земјоделството или друга сродна област. Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во спроведување обуки, практична едукација и/или работа со возрасни и ранливи категории граѓани.

Вкупен бруто надоместок за целокупниот ангажман: 49.096 МКД.

2. Тренер/ка за меки вештини и вработливост

Ангажираното лице ќе биде одговорно за подготовка и реализација на активности за развој на меки вештини и подобрување на вработливоста на учесничките.

Ангажманот опфаќа:

  • подготовка и реализација на 4 работилници за меки вештини и вработливост за 20 учеснички;
  • реализација на 10 индивидуални сесии со учесничките;
  • работа на теми поврзани со комуникациски вештини, подготовка на CV, подготовка за интервју за работа и други практични аспекти на вработливоста;
  • подготовка на потребните материјали за работилниците;
  • приспособување на методологијата на потребите и можностите на учесничките;
  • соработка со проектниот тим при реализацијата и следењето на активностите;
  • обезбедување на потребните информации и придонес кон документацијата за реализираните активности.

Потребни квалификации и искуство:

Кандидатот/ката треба да има релевантно образование и/или искуство во областа на развој на меки вештини, кариерно советување, вработливост, образование, човечки ресурси, психологија, социјална работа или друга сродна област.

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во спроведување обуки и работилници, индивидуална работа со корисници и работа со млади, жени и/или лица од ранливи категории.

Вкупен бруто надоместок за целокупниот ангажман: 18.411 МКД.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати/ки треба да достават:

  • кратка биографија (CV) со наведено релевантно образование и искуство;
  • кратко мотивациско писмо, во кое ќе го образложат своето релевантно искуство и мотивација за ангажманот.

При аплицирањето кандидатите задолжително треба да наведат за која позиција аплицираат:

„Тренер/ка за градинарство“
или
„Тренер/ка за меки вештини и вработливост“.

Едно лице може да аплицира за двете позиции доколку ги исполнува условите, при што треба јасно да го наведе тоа во пријавата.

Документите треба да се достават по електронски пат на:

📧 sumnalb@yahoo.com

со назнака: „Пријава за тренер – Акредитирани зелени вештини“

Краен рок за пријавување: 24.8.2026

Само кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани за понатамошните чекори и склучување договор за ангажман.

За проектот

Проектот „Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“ е финансиски поддржан во рамките на грантовата шема на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – Романсе“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје, Иницијатива на жените од Шуто Оризари, Symplexis и Diesis Network.

Дисклејмер

Ова е финансирано од Европската Унија. Содржината на овој документ/публикација е единствена одговорност на Здружението Европска Гледна Точка и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија или на спроведувачките организации на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – Романсе“.