ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЧКИ Бесплатна програма за обука и практични вештини во областа на градинарството

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЧКИ

Бесплатна програма за обука и практични вештини во областа на градинарството

Здружението Европска Гледна Точка, во партнерство со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, објавува јавен повик за учество во проектот:

„Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“

Ги повикуваме младите жени Ромки на возраст од 18 до 35 години од Битола кои сакаат да стекнат нови знаења и практични вештини, да ги подобрат своите можности за вработување и да научат повеќе за градинарството и зелените можности за работа, да се пријават за учество во програмата.

Програмата има за цел да придонесе кон подобрување на вработливоста и економското зајакнување на младите жени Ромки преку стекнување практични и применливи знаења и вештини.

Што нуди програмата?

Избраните учеснички ќе имаат можност бесплатно да учествуваат во:

  • обука за основи на градинарството, сезонско производство и одржливо и урбано градинарство;
  • практична работа и практични сесии во демонстративна градина;
  • работилници за развој на меки вештини и вработливост;
  • поддршка за подготовка на CV и подготовка за вработување;
  • работилници за основи на претприемништво и развивање сопствени бизнис идеи;
  • средби и поврзување со потенцијални работодавачи и други релевантни локални чинители.

За учество во програмата не е потребно претходно искуство или познавање од областа на градинарството.

Кој може да се пријави?

Повикот е наменет за млади жени Ромки кои:

  • се на возраст од 18 до 35 години;
  • живеат во Битола;
  • се заинтересирани за стекнување нови знаења и практични вештини;
  • се подготвени редовно да учествуваат во предвидените обуки и практични активности.

Предност при селекцијата ќе имаат кандидатки кои се невработени и/или не се вклучени во образование или обука (NEET), како и кандидатки кои се соочуваат со потешкотии при пристапот до пазарот на труд.

Во програмата ќе бидат избрани 20 учеснички.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидатки треба да го пополнат краткиот формулар за пријавување:

👉 Формулар за пријавување: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScn_CliaJwNl9IcvZPZhWO6p_Ehm96aa4NI0s4iZrx3HdyHHA/viewform?usp=publish-editor

За дополнителни информации или помош при пополнување на формуларот можете да нè контактирате:

📞 Телефон: 070699743
📧 Е-пошта: sumnalb@yahoo.com

📅 Краен рок за пријавување: 24.8.2026

Учеството во програмата и сите предвидени активности е целосно бесплатно.

За проектот

Проектот „Акредитирани зелени вештини за вработување на млади жени Ромки“ е финансиски поддржан во рамките на грантовата шема на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – Романсе“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје, Иницијатива на жените од Шуто Оризари, Symplexis и Diesis Network.

Дисклејмер

Ова е финансирано од Европската Унија. Содржината на овој документ/публикација е единствена одговорност на Здружението Европска Гледна Точка и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија или на спроведувачките организации на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – Романсе“.