🌍 Меѓународни партнерски состаноци во рамки на проектот Roma Women’s Start-up – 2025

Претставници од Здружението за развој на ромската заедница Сумнал активно учествуваа на два меѓународни партнерски состаноци во рамки на проектот Roma Women’s Start-up, реализирани во текот на јуни и октомври 2025 година.

🇫🇷 Партнерски состанок – Nancy, Франција (2–6 јуни 2025)

Првиот состанок се одржа во Nancy, каде партнерските организации работеа на координација и развој на клучните проектни активности. Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европска Унија, а координатор е Newport Group од Словачка.

Во рамки на состанокот, „Сумнал“ имаше свое излагање посветено на развој на обука за претприемништво, со посебен фокус на економското зајакнување на жените од ромската заедница и нивната улога во создавање позитивни и одржливи промени. Состанокот овозможи размена на искуства, зајакнување на меѓународната соработка и дефинирање на следните чекори во проектот.

🇹🇷 Партнерски состанок – Izmir, Турција (13–16 октомври 2025)

Вториот партнерски состанок се одржа во Izmir, со фокус на следење на напредокот на проектот и премин кон следните работни пакети. Агендата опфати проектен мониторинг, разгледување и усогласување на измени во преведените материјали за обука (Модули 1–4), дефинирање на преостанатите чекори за нивна финализација, како и дискусија за состојбата и понатамошниот развој на онлајн алатката за самооценка.

Дополнително, партнерите дискутираа за процесот на акредитација на обуката во партнерските земји и ги дефинираа финалните активности за завршување на Work Package 2.
На 15 октомври 2025 започна и работата на Work Package 3, која вклучи договор за критериумите за избор на обучувачи, распределба на задачи за подготовка на материјалите за обука и преглед на Work Package 4 – „Testing“, поврзан со едукацијата на обучувачите.

Во рамки на посетата беше организиран и состанок со лидери од ромската заедница и претставници на локалните власти во Измир, што придонесе за директна размена на искуства и зајакнување на врската помеѓу проектните активности и локалниот контекст.

Горди сме што „Сумнал“ е дел од оваа значајна европска иницијатива која гради капацитети, поттикнува инклузија и создава нови можности за економско зајакнување на Ромките ширум Европа.