Посета во Скопје

Како дел од активностите на солидарниот проект „Заедно посилни“ кој е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Европскиот солидарен корпус, чест ни е беше да бидеме дел од настанот ” Ромската жена во 21ви век – можности, придонеси и предизвици” по повод Меѓународниот ден на жената, организиран од коалицијата на Ромски граѓански организации “Khetane” во Скопје.

Нашите корисници имаа можност да се запознаат со Љатифа Шиковска, првата жена Ромка активистка, пратеник во Македонското собрание.

Овој настан претставуваше прва можност за нашите корисници да посетат ваков настан, да запознаат ромски владини службеници, а за повеќето од нив тоа беше и прво патување надвор од Битола и посета на Скопје.

Заедно прошетавме низ главниот плоштад, старата скопска чаршија, Калето, за да завршиме со ручек во еден од познатите ресторани во Скопје, „Mi Casa“. Сопственичката, Елма Демировска, која исто така е Ромка, не пречека гостопримливо и не мотивираше како да стигнеме до посакуваната цел, без да се откажеме.

Исто така нашите корисници имаа можност да се запознаат и со Елвис Мемети, Советник за инклузија на Ромите во кабинетот на премиерот со кој заедно разговараа за важноста на образованието за остварување на цвоите цели и напредување во животот. Корисниците имаат голема корист од ваквите дружења и размената на позитивна енергија, особено во однос на мотивацијата и чувството на вклученост во секојдневните животни активности.