
По повод 8-ми Април, Меѓународниот ден на Ромите, одржавме настан насловен „Биди и ти како…“ кој се одржа вчера во кафе-бар „Порта Џез“.
На настанот учествуваа успешни млади Роми кои придонесуваат во нашиот град и претставуваат примери за сите млади од ромската заедница и останатите заедници од нашиот град, а гости беа млади од сите средни училишта од нашата општина.

За време на настанот, претседателката ме Фатма Бајрам Аземовска му врачи Благодарница за особен придонес кон развојот на ромската заедница во Битола на градоначалникот на Општина Битола, г-дин Тони Коњановски, а потоа им доделивме благодарници на сите присутни говорници, училишта, соработници и поддржувачи на нашата работа.

Атмосферата ни ја збогати Анастасија Трајковска со нејзиниот прекрасен глас која е ученичка во СОУ„Јосип Броз Тито“, а беше придружена од нејзините пријатели Ева Тодоровска и Мартин Петковски кои заедно го сочинуваат бендот „Мазно, ама не е“.
Со настанот овозможивме мнозинството да ги запознае своите сограѓани стекнувајќи нови пријателства и промовирајќи успешни примери за соживот и почит кон различните заедници и култури кои живеат во нашиот град.

Преку следењето на излагањата и дружењето направивме уште еден чекор кон придонесот за соживот, рушење на предрасудите и стереотипите и активно младинско граѓанско учество.
Нека ни е честит 8-ми Арил, Меѓународниот ден на Ромите!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

