Пишување на формален мејл и запознавање со Trello

 

На 13.10.2023 година, во хотел „Милениум“ Битола се одржа уште една работилница во склоп на солиарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ насловена „Пишување на формален мејл и запознавање со Trello“.

На оваа работилница, учесниците се запознаа со пишување на формален мејл, неговата структура и некои општи совети. Исто така, оние кои немаа мејл адреса, се научија како да си отворат.

Учесниците се запознаа и со моќната алатка Trello, нејзините основни карактеристики и нејзините многубројни предности. Имаа можност да видат како и зошто се користи истата, а на оние кои сакаа да си отворат сметка на Trello им беше кажано како да го направат тоа.

 

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен копрус.

Работилницата се одржа во склоп на #ErasmusDays2023