Ние ги водиме промените – посета на Општина Битола

Во рамки на проектот We Lead The Changes на 6-ти декември 2023 година во Општина Битола дел од ромската заедница имаа можност да се запознат со начинот на функционирање на политичкиот систем во Република Северна Македонија со посебен акцент на локалната власт преку запознавање со локалните акциони планови за Роми и да се зголеми влијанието на жените Ромки врз носењето на политики на локално ниво преку достапните демократски алатки на делување.

Проектот е имплементиран од страна на организациите Здружение на жени Ромки – Лачо Диве и Здружение за развој на ромската заедница – Сумнал. Со финансиска поддршка од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација „PPOMA“, во рамки на проектот „Romani women POWER OF CHANGE“ in the Western Balkans and Turkey“.