
#СЗО, со поддршка на Министерството за здравство, на 13. Ноември 2023, во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола, одржа Форум на заедницата на којшто, жените-лидерки ја подигнуваат јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите. Нашите партнерки, жените-лидерки се поддржани од градоначалникот на општината д-р Тони Коњановски. Како жени лидерки од нашата организација се вклучени м-р Фатма Бајрам Аземовска – претседателка на „Сумнал“, Викторија Михајловска и Ферзије Асановска. Во локалните заедници, оваа активност ја спроведуваме во соработка со „Здружение за одржлив развој БИОМ“, како дел од „Заедничката глобална иницијатива на #СЗО и #УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“. Така, помагаме да се унапреди превенцијата, третманот и отворената дискусија за менталното здравје на младите. Им благодариме на жените и девојките од нашата заедница кој што дојдоа вчера на настанот и ни даваат поддршка. Сите заедно да го кренеме гласот за менталното здравје.


