AE4WOMEN-Завршен состанок и мешан конференциски настан

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ – Битола во партнерство со невладините организации „Лачо Диве“ од Скопје и „Ромаг“ од Србија на ден од 27-29.01.2024 година одржаа завршен транснационален состанок заедно со мешан конференциски настан во Белград, Србија во рамките на стратешкото партнерство од мал обем „Образование за возрасни за маргинализирани жени – АЕ4WOMEN“.
За време на состанокот се разговараше за споделување на сумираните наоди од имплементацијата на алатката, вклучувајќи ги пречките и постигнатиот напредок, идентификуваните потреби за учење за подобрување на зелените вештини и вклучување на дигитално учење, а потоа следеше дискусија и потврда за резултатите од учењето и пречките со кои се соочи персоналот за образование на возрасни во текот на процесот на учење. Овие наоди ќе бидат дел од водичот кој е крајниот документ како резултат од проектот.
Следниот ден се одржа мешан конференциски настан на кој со физичко присуство учествуваа повеќе од 30 учесници во Белград, а онлајн се вклучија педесетина учесници од Скопје и Битола. За време на настанот се презентираа сумираните наоди, а потоа следеше дискусија со споделување на искуства од присутниот персонал за образование на ворасни и од дел од учесничките кои учестуваа во процесот.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија во рамки на програмата Еразмус + на Европската Унија.