Претседателката на „Сумнал“ на мотивациски настан во организација на Импакт Вајс Солушнс во соработка со Економскиот Факултет во Скопје

На 28.02.2024 претседателката на „Сумнал“, м-р Фатма Бајрам Аземовска, присуствуваше и беше говорник на прекрасниот мотивациски настан во организација на Импакт Вајс Солушнс во соработка со Економскиот Факултет во Скопје, на темата “Поттикнување на успешна иднина на младите“.

На овој настан имавме привилегија да ги слушнеме инспиративните стории на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на нашата земја, г-ѓа Арбена Палоши Мемети и на крај нашата претседателка Бајрам Аземовска.

Главните заклучоци од дискусијата се: 

 Успехот е патување обележано со напорна работа, посветеност и верба во себе.
Успехот не се дефинира со признанијата што ги добиваме или позициите што ги имаме, туку со влијанието што го правиме врз животите на другите и наследството што го оставаме зад нас.
Големината не лежи во отсуството на предизвици, туку во способноста да се надминат со издржливост и одлучност.

Како организација посветена на зајакнување на младите, наша чест и задоволство е што можеме да влијаеме врз растот и развој на младите и со нетрпение очекуваме да продолжиме со нашите напори за поддршка и професионалниот развој на нашите идни лидери!

#Економски факултет #Студентски настан #Зајакнување #Развој на кариера #Успешни приказни