
Во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметност и култура“ во април се одржаа претпоследните активности.
На 19.04.2024 година учениците од ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ и ООУ„Даме Груев“ ги посетија Хераклеа и музејот во Битола.
Младите учесници од двете училишта имаа можност да се запознаат со културата и наследството на Битола.

Во Хераклеја дознаa за античкиот град Хераклеа Линкестис кој датира од 4 век п.н.е. врз чии урнатини e изградена средновековната, а подоцна и модерната Битола. Тие можеа да ги видат урнатините и остатоците од дел од тогашната уметност што е зачувана, вклучувајќи ги и мозаиците.

Потоа во Музејот се запознаа со историскиот развој на Битола и Пелагонискиот Регион преку изложбите на артефактите кои датираат од неолитот па се до модерното време.
Како последна активност во втората половина на мај ќе биде изложбата на креираните дела на учениците со различните уметнички техники кои се користеа.

Активностите на проектот имаат за цел да доведат до зајакнување на капацитетите на младите од двете основни училишта низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура. Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот Младински меѓукултурен уметнички фонд дел од проектот „Градиме нови мостови“.

