Соработка со ПЗУ МЕНАДА МЕДИКАЛ

Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал” започна соработка со ПЗУ МЕНАДА МЕДИКАЛ. Проектот има за цел да им помогне на членовите од заедницата кои имаат потреба од постојана физикална терапија, односно кои имаат невролошки проблеми, MS, церебрална парализа, хаемиплегиа, MG итн.

Проектот, финансиран од Caritas, претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената состојба и квалитетот на живот на ромската заедница преку обезбедување на неопходната физикална терапија за најранливите членови.