
Заменик британскиот амбасадор, Даниел Филер, заедно со уште двајца претставници од Британската амбасада во Скопје, вчера (26.11.2024 година) го посети здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ – Скопје.
За време на посетата, заменик-амбасадорот се сретна со вработените и децата од здружението, како и со заменик-директорот и библиотекарот од ОУ „Васил Главинов“ – Скопје. Тој имаше можност да ги разгледа нашите ресурси, да види како децата работат и да ги слушне нивните објаснувања за нашите активности, вклучувајќи ги и нивните музички изведби. Децата, исто така, поставуваа прашања и активно учествуваа во разговорот.
Навистина уживавме во посетата и сме искрено благодарни за континуираната поддршка од Британската амбасада. British Embassy Skopje ❤


