
На 11 март 2026 година во Битола се одржа значајна средба помеѓу претставници на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, Здружението на ромски медијатори од Грција и претставници од Третото средно училиште од Менемени, Солун.
Средбата беше посветена на унапредување на меѓусебната соработка преку размена на искуства и добри практики во областа на образованието, поддршката на ромската заедница и зајакнувањето на улогата на ромските медијатори. Учесниците дискутираа за конкретни можности за развој на заеднички иницијативи и активности кои ќе придонесат кон подобрување на пристапот до образование и посилно поврзување помеѓу институциите и организациите од регионот.
Посебен акцент беше ставен на градење одржлива регионална соработка, како и на креирање платформа за континуирана комуникација и координација. Во таа насока, присутните ја истакнаа важноста од понатамошно заедничко планирање и реализација на активности кои ќе обезбедат поефикасна поддршка и интеграција на ромската заедница.
Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерствата и отворање нови можности за соработка на локално и регионално ниво.
