Потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Сонце“ и „Сумнал“

На 27 март 2026 година, во Мадрид, Шпанија, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“ и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Меморандумот го потпишаа претседателките на двете организации, Оливера Лазаровска Санчез и м-р Фатма Бајрам Аземовска, со што се поставија темелите за унапредување на меѓусебната соработка и развој на заеднички активности во областа на културата, уметноста и образованието.

Соработката е насочена кон поврзување на различни културни заедници, промоција и зачувување на културниот идентитет, јазикот и уметничкото наследство, како и поттикнување на интеркултурен дијалог, толеранција и заедничко делување.

Преку ова партнерство се отвораат нови можности за реализација на иницијативи што ќе придонесат кон афирмација на културното богатство и активно вклучување на младите во културниот живот – како во Шпанија, така и во Северна Македонија.