Поддршка, знаење и солидарност во заедницата

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ – Битола продолжува да создава можности за поддршка и едукација на младите.

Во текот на април 2026 година, остваривме средба со Деа Ивановска, ученичка во втора година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, која изрази желба волонтерски да им помогне на учениците што имаат потреба од дополнителна поддршка по математика и физика.

Со големо задоволство споделуваме дека на 26.4.2026 година, во просториите на „Сумнал“ во Битола, успешно се одржа првиот час по математика. Учениците покажаа интерес, мотивација и желба за учење, а веќе се договорени и следните активности.

Ваквите иницијативи претставуваат важен чекор кон поголема солидарност, меѓусебна поддршка и создавање позитивна средина за младите во нашата заедница.

Упатуваме искрена благодарност до Деа Ивановска за нејзината посветеност, иницијатива и желба да помогне. Нејзиниот пример покажува дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени.

Воедно, ги повикуваме сите ученици кои имаат познавање по математика, физика и сродни предмети и сакаат да придонесат во поддршка на своите врсници, да