Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од 01.01.2018 го реализира проектот за одржување на германските гробишта во Битола. Проектот е креиран врз основа на претходно искуство и нови идеи за подобрување на соработката со следниве активности:
1. Грижа за гробиштата;
2. Работа со локалната заедница и Општина Битола;
3. Образовна програма.
Во рамки на проектот се обезбедува исто така:
– чистење и сечење на тревата,
– заштита и рано предупредување за пожари во текот на летниот период;
– работа со блиската локална заедница;
– споделување на информации и подигнување на свеста;
– засадување дрвја и растенија и поставување на клупи;
– организирање на програма за меѓународна промоција на мирот – организирање на настан по повод Меѓународениот ден на мирот.
Како дел од образовната програма се реализираше и онлајн час преку платформата Zoom на кој беше претставено и видеото за германските гробишта кое може да се погледне преку следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=XHPPEeTaagg&t=114s
Проектот е финансиран од Volksbund Deutsche Kriegsgräberfürsorge e. V. и ќе трае до 31.12.2020 година.




