Превенција и заштита од грип и мерење на крвен притисок

На 23.12.2022 година во рамките на солидарниот проект „Заедно посилни“, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус + програмата, во Центарот на „Сумнал“, Битола се одржа предавање на тема „Превенција и заштита од грип“ на кое му следеше и мерење на крвен притисок.

Активноста беше изведена во соработка со ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола со докторката Ангелина Велјановска и сестрата Весна Стоименова.

Нашите корисници   имаа можност да слушнат корисни совети за тоа како да се заштитат од сезонските настинки и грип на нивна возраст како и да направат мерење на крвниот притисок со цел регулација и преземање на понатамошни мерки  кај матичниот лекар ако е потребно.

Им благодариме на докторката и сестрата како и на раководството на ЈЗУ„Д-р Хаим Абраванел“ – Битола за нивната соработка.