
На 29.12.2022 година во просториите на Центарот на „Сумнал“ во Битола се одржа информативна сесија за солидарни проекти со младите од заедницата.

Целта на сесијата беше да ги запознаеме младите со можноста што ја нуди Европскиот солидарен корпус за креирање и имплементирање на солидарни проекти кои ќе донесат позитивна промена во заедницата, промовирајќи ја солидарноста и волонтеризмот.

Присутните беа запознаени подетално со начинот на рализирање и имплементирање на вакви проекти, а воедно погледнаа и илустративно видео како заклучок.

Активноста е реализирана во склоп на солидарниот проект „Заедно посилни“ финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку програмата на Европскиот солидарен корпус.

