На ден 31.01.2023 година, доктор Ариф Пини, специјалист по интерна медицина, одржа предавање на тема „Одржување на менталното здравје во зимскиот период“.
Доктор Пини со присутните разговараше за начините на ефикасни стратегии за спречување на менталните нарушувања како што е депресијата.


Посебно внимание им посвети на сонот, балансираната исхрана, физичката активност, комуникацијата со позитивни луѓе, максималната употреба на дневна светлина.
Адекватен сон
Спијте најмалку осум часа и легнете пред полноќ. Квалитетниот сон помага да се справите со анксиозноста и искуствата во тесни ситуации, вклучувајќи го и преминот кон есенскиот период.
Секој маж може да издржи 2,5 часа во кревет ако го направи ова!
Кога човек не спие доволно, неговиот рационален систем не работи со полна сила и тој почнува остро да реагира дури и на мали нешта.
Правилниот сон е исклучително важен за да ја задржите насмевката на вашето лице во есенските денови.
Балансирана исхрана
Она што го јадеме влијае на нашето расположение. Затоа е важно да се одржува урамнотежена исхрана. Особено во текот на есента се препорачуваат намирници како банани, овесна каша, лосос, темно чоколадо, јаболка…

Физичка активност
Физичката активност го намалува стресот и го подобрува расположението. Не мора да користите тегови и да одите на тешки кардиотени, туку да пешачите, лесно да трчате и да вежбате пилатес….
Подобро е да вежбате со помал интензитет и пократко, а почесто.
Комуникација со позитивни луѓе
Избегнувајте „енергетски вампири“ и токсични луѓе кои пренесуваат негативни вибрации и опкружете се со позитивни луѓе кои ве мотивираат, поддржуваат и поттикнуваат да се развивате. Разговарајте со вистински пријатели кои ќе ве поддржуваат во секое време.

Максимална употреба на дневна светлина
Недостатокот на дневна светлина е една од главните причини за депресија во зимскиот период од годината. Легнете порано и станете рано наутро за да искористите што е можно повеќе дневна светлина. Останете повеќе во природа и искористете го секој зрак од есенското сонце.

СИМПТОМИ
Како да препознаете депресија:
Емоционално – депресивно расположение и промени во расположението, губење на интерес, замор и губење на енергија, намалена мотивација, безнадежност.
Корисниците од Центарот во Скопје го следеа предавањето во живо, а корисниците од Битола се собраа во Центарот и следеа преку прокеција на Zoom.
Предавањето е дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ од иницијативата во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.


