Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост – активности во Скопје

Од октомври 2022 година, со корисниците во нашиот Центар во Скопје се реализирани неколку активности:

Одбележување на 4-ти февруари, Светскиот ден на ракот

Нашата волонтерка Семра им го збогати социјалниот живот на возрасните од нашата заедница со тоа што разговараше со нив за за 4 – ти февруари, Светскиот ден на ракот. Светскиот ден на ракот е единствениот ден на глобалниот здравствен календар каде сите ние можеме да се обединиме под еден знак, знакот на борба против ракот на позитивен и инспиративен начин. 4 Февруари 2019 е посветен на подигање на свеста за борба против ракот и охрабрување за негова превенција, откривање и третман.

 

Учиме за социјалните мрежи

Нашите корисници имаат потреба да научат за ИТ алатките за комуникација и една од најчестите апликации е вибер. Затоа им излеговме во пресрет, па Семра ги учи како функционира апликацијата и како може да си ја инсталираат.

 

Работилница за граѓанско учество

На ден 18.02.2023 година, м-р Мухамед Ајваз на средбата со корисниците на проектот ги презентираше можностите за учество на граѓаните во работата на општините кои произлегуваат од Законот за локална самоуправа. Исто такс се коментираа и бројките од Пописот 2021 година и се направи споредба со бројките од минатото и трендовите поврзани со пописот.

 

Активностите се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ како иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.