Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ организираше состанок со засегнати страни, во рамките на проектот: „Активно учество во поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории“, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на Erasmus + програмата.

Живееме во свет каде Интернетот и World Wide Web се нераскинлив дел од нашата култура и секојдневен живот. Дигиталната технологија денес е присутна во сите аспекти од нашето живеење и работење.

Информациско- комуникациските технологии овозможуваат нови начини на комуникација и размена на информации, додека дигитализацијата овозможила брзо и лесно спремање, репродукција, дистрибуција и користење на различните содржини.

Затоа денес, многу често се зборува за дигитална култура, дигитална писменост, виртуелна култура или cyber култура и многу слични поими кои се користат за да се опише технолошки базираната култура во современото, каде поимот дигитална култура укажува на сеприсутност на дигиталните технологии во нашите животи.

Новите можности кои ги носи примената на информациско- комуникациските технологии доведува до редефинирање на поимот култура и го проширува на дигитална култура која донесува нови искустваа засновани на новото комуникациско опкружување.
Дигиталната писменост, значи разбирање на ограничувањата на технологијата и опасност, односно, превентивни мерки кои ги бара користењето на технологијата. За Ромите како етничка заедница постојат бројни фокусирани напори, но, се наметнува потребата од нивна едукација и развој на дигиталните вештини.

Еден од основните предизвици со кои се соочуваат младите Роми е недоволното познавање на ИКТ технологиите. На состанокот, за предизвиците и перспективите на дигиталната писменост дискутираа проф. д-р Андријана Боцевска, за знаењето во дигиталната економија зборуваше проф. д-р Божидар Миленковски и Весела Митковска, студент на ФИКТ зборуваше за искуствата и можностите што студентите на информатички и комуникациски технологии може да ги стекнат во текот на студирањето.

На состанокот присуствуваа и претставници од општина Битола и Агенцијата за вработување, кои со свои дискуии дадоа придонес за понатамошна одржливост на проектот.


