
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ учествуваше на почетниот состанок во рамките на проектот „Roma Women’s Start-up,“ кој се одржа од 6-ти до 10-ти декември 2024 година во Плауен, Германија.
На состанокот беа претставени:
- историјата на проектот и неговите цели;
- работните пакети, очекуваните резултати и одржливоста на проектот;
- финансиските процедури и буџетските аспекти на проектот;
- плановите за координација, управување со квалитет, дисеминација и валидација;
- подготовката на наставните програми и материјали за претприемачки курсеви наменети за Ромки.
Состанокот заврши со културен ден, кој овозможи подобра интеркултурна размена и зајакнување на партнерствата помеѓу учесниците. Овој проект претставува важен чекор кон обезбедување можности за економско јакнење на Ромките преку претприемачко образование и поддршка.
Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија, а координатор е Newport Group од Словачка.


