Во ходникот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е поставена тематска изложба на наградените цртежи кои се дел од проектот „Еко пријателска мобилност“..
Изложбата е дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“ со регистарски број 2022-3-МК01-KA154-YOU-000098748, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.

Еко-пријателска мобилност“ претставува иновативна иницијатива за подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина. Активностите се фокусираат на подигнување на знаењето и свеста за влијанието на превозот врз квалитетот на воздухот. Оваа иницијатива им дава приоритет на пешачењето, возењето велосипед, јавниот превоз и електричните возила.

Промовира патување преку интегрирани, општествено инклузивни и еколошки опции без да зависи од возила во приватна сопственост. Одржливата и достапна мобилност претставуваат сржта на градот што може да се живее. Денес, градовите доживуваат невидено ниво на автомобилски и товарен сообраќај што резултира со загадување на воздухот, емисии нагасови, метеж и несреќи. Овозможувајќи им на заедниците одржлив пристап до стоки, услуги и можности, екомобилноста може да го подобри квалитетот на животот и да создаде подобра и поквалитетна животна средина.

Еко-мобилноста вклучува одржлива и еколошка мобилност. Сите овие се однесуваат на одржлив начин на превоз на луѓе или роба. Со други зборови, станува збор за превозните средства кои ја почитуваат животната средина. Екомобилноста е „нов“ поим кој се однесува на превозните средства кои се способни да ги пренесуваат луѓето или робата на одржлив начин, штитејќи ја и грижејќи се за животната средина.
Во изминатиот период следуваа работилници со ученици и родители од основните училишта „Даме Груев“ и „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, како и со СВР Битола за безбедност во сообраќајот. Исто така се одржа Еко фестивал во Зоолошката градина Битола.

