„We Lead The Changes – Ние ги водиме промените“

На ден 09.11.2023 година, во рамки на проектот “We Lead The Changes – Ние ги водиме промените“, над 20 жени Ромки од Скопје и Битола го посетија Собранието на Република Северна Македонија и остварија средба со пратеничките Љатифе Шиковска, Санела Шкријељ и Лидија Тасевска.
На средбата присутните жени и девојки имаа можност подобро да го разбeрат политичкиот систем и да започнат во континуитет да ги користат демократските алатки, а со тоа и да се подигне политичката зрелост кај нив.
Проектот “We Lead The Changes – Ние ги водиме промените“ е од исклучителна важност за нашата целна група и ќе доведе да се мотивираат и да го прошираат нивото на знаењата и други жени надвор од машата избрана група на 20 жени, а со тоа проектот на среднорочно ниво ќе придонесе кон општо зголемување на степенот на политичка култура кај ромското население во двете општини на делување.
Проектот “We Lead The Changes – Ние ги водиме промените” e имплементиран од страна на организацијата Здружение на жени Ромки – “Лачо Диве” и Здружение за развој на ромската заедница – “Сумнал” (Sumnal – Association for Roma Community Development in North Macedonia) со финансиска подршка од Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација – RROMA ; во рамките на проектот “Romani women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey”.