Посета на ИТ компанијата Cosmic Development

Дел од учесниците од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ на 30.11.2023 година беа во посета на компанијата Cosmic Development во Битола.

Податоците покажуваат дека младите луѓе се свесни за важноста на ИКТ во нивниот живот. Исто така, се свесни за ИКТ како можност за вработување. Но, определени таргет групи не се во можност да си дозволат образование за информатички технологии, поради финансиските тешкотии. Намалувањето на дигиталната сиромаштија ја наметнува потребата од активности кои ќе им овозможат на младите луѓе, вклучително и на загрозените, да имаат пристап до информатички и комуникациски технологии и истите да ги користат.

Токму затоа ја посетивме фирмата Cosmic Development. Учесниците беа воодушевени од самата атмосфера, условите во кои работат вработените, информациската технологија итн. Преку посета на успешни ИТ компани, младите луѓе ќе научат кои нови вештини и примена на нови технологии им се потребни за вработување во иднина, развивајќи ги сопствените капацитети, изразувајќи ја својата креативност и одговорност за делување. Целта ни беше и да ги мотивираме учениците Роми од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола да продолжат со нивното образование, да ја истакнеме потребата од учење на странски јазици и да се следат трендовите кои ги бара бизнис секторот Дигиталниот јаз кој постои помеѓу лицата кои имаат и лицата кои немаат пристап, вештини и свест за ефективно делување на интернет. Р. С. Македонија се фокусира кон дигитална еднаквост, што значи дека сите лица и заедници (без исклучок) да имаат капацитет и ресурси кои се потребни да бидат целосно вклучени во општеството, демократијата и економијата, кои пак се дигитално ориентирани.

Проектот за солидарност е во директна корелација со целите и принципите на Европскиот солидарен корпус, бидејќи овозможува единство при справувањето со предизвикот на дигиталната сиромаштија. Активноста се реализираше во рамките на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.