Завршен настан на проектот „НЕ за малолетнички бракови“

На 20 февруари 2025 година, во хотел „Милениум“ – Битола, успешно се одржа завршниот настан на проектот „НЕ за малолетнички бракови“.

На настанот присуствуваа:

  • волонтерите и учесниците во проектот;
  • претставници од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола и СОУ „Таки Даскало“ – Битола;
  • претставници од отсекот за превенција при СВР-Битола;
  • други соработници и поддржувачи.

Проектот имаше за цел да ја зголеми свеста за негативните последици од малолетничките бракови, да ги едукација младите и заедницата преку работилници и менторска програмa и да формирање мрежа за поддршка на младите.

Како резултат од проектот, беше креирано едукативно видео, формирани менторски групи и одржани бројни работилници во училиштата и заедницата.

Им благодариме на сите кои беа дел од оваа иницијатива и дадоа свој придонес за подобра иднина на младите! Продолжуваме со напорите за подигнување на свеста и поддршка на младите во превенција на малолетничките бракови.

🔗https://www.youtube.com/watch?v=lAATfYS0wa4&t=2s

Ве покануваме да го погледнете извадокот од нашето видео и да споделите свои размислувања!

Проектот e финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.

#НеЗаМалолетничкиБракови #ПоддршкаЗаМладите #Образование #Свест #Битола