ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Младинска размена „Celebrating Diversity and Building the Future“

Младинска размена „Celebrating Diversity and Building the Future“

📅 23–29 мај 2025 | 📍 Хотел Молика, Пелистер, Битола, Северна Македонија
📌 Аплицирај до: 20 април 2025

За проектот:

Младинската размена „Celebrating Diversity and Building the Future“ ќе собере млади од Северна Македонија, Грција, Бугарија и Турција заеднички да ја истражуваат и прослават културната разновидност преку интерактивни активности, креативна работа и тимска соработка во природа.

Проектот е финансиран преку програмата Erasmus+, а организатор е Здружението Сумнал.

Цели:
  • поттикнување на интеркултурно разбирање и солидарност;

  • активно учество на младите во демократски процеси;

  • зголемување на свеста за еколошката одржливост;

  • јакнење на инклузијата и соработката меѓу млади од различни средини.


👥 Кого бараме?
  • 4 учесници (16–29 години) и 1 тим лидер со добро познавање на англиски јазик (18+) од Северна Македонија;

  • отворени, мотивирани млади кои сакаат да учат и соработуваат;

  • учесниците треба да бидат млади со помалку можности (од рурални средини, со економски, социјални, културни или здравствени бариери);


🏞 Што нè очекува?
  • 7-дневна програма исполнета со работилници, активности во природа, интеркултурни вечери и забава.

  • Сместување со 3 оброци дневно во Хотел Молика, Национален Парк Пелистер.

  • Надоместок на патни трошоци според Erasmus+ правила.

  • YouthPass сертификат за учество и учење.

📌 Забелешка: За малолетни учесници потребна е родителска согласност (формулар добивате по селекција).

🧭 Што се очекува од учесниците?
  • Активно учество за време на размената.

  • Имплементација на кратка последователна активноат по враќањето (работилница, презентација или кампања во локалната заедница).

  • Достава на краток извештај или фотографии по активноста.

📥 Апликација

Пополнете ја апликациската форма најдоцна до 12 мај 2025 на следниот линк:
🔗 Аплицирај тука

📧 За прашања пишете ни на: sumnalb@yahoo.com